January 21, 2022, 11:59 am

Македонија нaјбeзбeдна зeмjа на Зaпaден Бaлкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).

Индексот на Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.

Зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.

ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This