January 17, 2022, 6:10 pm

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА СНЕМА: Не сум јасновидец, но појасно ги гледам работите од некои „учени луѓе“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската актерска легенда Тони Михајловски, на својот ФБ профил сподели текст во кој ја опишува моменталната ситуација во земјата, но и судбината која и следува ако продолжи актуелната антидржавна политика

 

„Не сум јасновидец, но режимското лаење и предвидување дека ќе не поделат по секоја основа, а прво ќе почнат од јазикот, дека на сила ќе дојдат на власт избрани од странски кучиња, дека ќе владеат со стравот, дека ќе не банкротираат, ќе не поништат и избришат, ќе не предадат на душманите, што реално и се случува, ми дава за право да помислам дека, ако ништо друго, малку појасно ги гледам работите од некои “учени луѓе” кои заради тие мои зборови ме вулгаризираа, и три години без престан го правеа тоа против сите кои мислеа така, а сега мерката казна е реваншизам од најнизок вид.
Еве што мислам сега.
Македонија ќе ја снема. Повторно. Оние парламентарни, и овие локални, беа последните избори во Македонија каква што ја паметиме од независноста. Оваа влада ќе биде последната влада на таа историска независност која траеше само 27 години, за жал. Имавме шанса да живееме, и да се бориме, во независна Македонија. Да ни се родат децата во таква Македонија. Ние бевме, после многу векови такви Македонци. Тие пред нас, се бореа за независна Македонија, но никој од нив не ја доживеа. Ние го доживеавме нивниот сон. Идејата заради која живееја и загинаа стана наша реалност. А нивната наша, за жал. И тие биле предадени од Македонци кои тоа не биле. Скоро секој, ако не и секој, е загинат во заседа и предаден. Сите “партизани” кои биле за независна Македонија завршиле слично. Во заседа, во затвор или во прогон. Другите на позиција во борба против македонштината. Борбата против нашата независност, и ВМРО, почнува од ‘45та. Денес таа борба треба да финишира затоа што стана реалност, а ВМРО опасност за нејзино реализирање. Експериментот осуден на пропаст, за малку ќе успееше. Пирејот се потфати. Чаре е само длабоко орање и превртување на земјата.
Ќе ја поделат на уште на два дела , за никогаш да не помисли да биде цела. Западниот ќе биде третата албанска држава на Балканот. Македонскиот јазик таму ќе исчезне сосема. Македонецот исто. Источниот веќе со договор меко се префрла на Бугарија. После тоа лесно се станува било што, или ништо. Заедничката историја е всушност само бугарска. ВМРО ќе се забрани за употреба кај ново Бугарите. На Бугарите им фалат Бугари. Ги снемува. Ги навјасуваат малцинствата, посебно турското. Ние не смееме да бидеме ништо друго освен Бугари, за да ја пополниме дупката. Струмица ќе биде новата регионална економска метропола. Скопје, Куманово, Струга и Охрид ќе бидат нешто недефинирано и нефункционално. Како Сарајево. Куманово конечно ќе стане држава-град. Скопје исто.
Борбата ќе замине во илегала. Државата во историја. Народот повторно на голготата. Па сепак мислам дека, и во вековите што доаѓаат, нашите потомци ќе зборуваат македонски. Не знам зошто. За инает, ако ништо друго.“ – пишува Михајловски во својот текст на ФБ.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This