January 17, 2022, 1:49 am

Сенатот ја отфрли одлуката на Бајден за задолжителна вakцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сенатот на САД, во кој мнозинството имаат демократите, ја прифати мерката предложена од републиканците со која би се поништила одлуката на Бајден да воведе задолжителни вакцини или тестирања во приватни компании.

Двајца демократски пратеници се приклучија на иницијативата на Републиканците, која на тој начин беше изгласана со 52 гласа за и 48 против, пред да биде испратена во Претставничкиот дом.

Законот ќе ја отфрли мерката на администрацијата на Бајден која предвидува задолжителна вакцинација или тестирање на коронавирус за сите вработени во компаниите со повеќе од сто вработени, а ќе вклучи милиони вработени.

Двајца демократи им се придружија на републиканците и обезбедија мнозинство

Просто мнозинство од 51 глас е доволно за да се изгласа мерката во Сенатот. Двајца демократи – Џо Манчин од Западна Вирџинија и Џон Тестер од Монтана – им се придружија на педесетте републикански пратеници во гласањето за предлогот.

Иницијативата покажува колку е силна политичката опозиција на обидите на администрацијата да се бори против Ковид-19 во време кога здравствените работници се обидуваат да го спречат ширењето на многу заразна варијанта на вирусот омикрон.

Отсекогаш сум ја поддржувал задолжителната вакцинација за вработените во јавните служби и војската, бидејќи тоа е прашање од национално значење“, рече Манчин по гласањето. „Но, јас не ја поддржувам задолжителната вакцинација во приватните компании. Федералната влада не може да одреди за сопствениците на приватни компании како да ги заштитат своите вработени од Ковид-19 и како да го водат својот бизнис, рече тој.

Манчин додаде дека бил вакциниран со две дози од вакцината и дека добил и бустер доза, како и дека ги охрабрува сите Американци да го сторат истото.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This