January 28, 2022, 12:39 pm

СЗО ја повикува Европа да размисли за задолжителна вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот директор на СЗО за Европа ги повикал Европските земји да разгледаат можност за задолжителна вакцинација. Роб Батлер за “Sky News” рекол дека е време разговорот да се води и од перспектива на поединци и од перспектива на заедница. Тоа е здрава дебата.
На почетокот на ноември, СЗО предупредила дека Европа е “епицентарот на пандемијата на Ковид-19”, додека порано оваа недела глобалната здравствена управа соопштила дека 60 проценти од светските инфекции и смртни случаи доаѓаат токму од Европа. СЗО верува дека бројот на починати од пандемијата во Европа би можел да достигне два милиони до март 2022-ра година, доколку ширењето на вирусот продолжи неконтролирано, пренесува “RT”.
Меѓутоа, поранешниот директор на Одделението на СЗО за здравјето на мајките, децата и адолесцентите, Ентони Костело, ги советувал владите внимателно да почнат со задолжителна вакцинација од страв дека ќе ги одбијат многу луѓе кои немаат доверба во владите и вакцините. Наместо принуда и сеопфатни карантини, тој се залага за мерки како носење маски и работа од дома.

Ширум Европа, само 57 проценти од луѓето се вакцинирани во целост, велат статистиките кои ги дава веб сајтот “Our Wolrd in Data”.

Минатиот петок, австрискиот канцелар Александар Шаленберг најавил дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите жители, освен за оние кои имаат право на медицински исклучок. Оние кои ќе одбијат вакцинација би можеле да се соочат со огромни казни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This