January 18, 2022, 3:08 am

Ситуацијата зовpeва: Американската apмија пристигна во Тајван, ја подготвуваат одбpaната на остpoвот од евентуаелн нaпaд од Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските маринци и силите за специјални операции тајно ги обучуваат тајванските војници на островот да се одбранат од можна кинеска агресија, објави во четвртокот Волстрит Журнал.

Во извештајот се наведува дека американски војници дејствуваат во Тајван најмалку една година, и за тоа време тие спровеле обука на тајванските единици на копнените сили за да ги подготват за заканите што доаѓаат од Кина. Американската влада и тајванските официјални претставници не коментираат за наводното распоредување, но споменатите американски официјални претставници тврдат дека распоредувањето е со ротационен, променлив распоред.

Во средата, тајванскиот министер за одбрана Чи Куо Ченг изјави дека Кина би можела да изврши инвазија од големи размери на островот до 2025 година. Кина испрати скоро 150 воени авиони во близина на Тајван во последните денови, додека американските и другите сојузнички сили тренираа во Јужното Кинеско Море.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот изјави дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласиле да се придржуваат кон Тајванскиот договор, кој на Тајван му обезбедува мирна иднина во замена за признавање на Пекинг како официјална кинеска влада, пренесува Спутник Интернационал.

Додека траат тензиите околу Тајван, американска подморница со нуклеарен погон во саботата удри во подводен објект во Јужното Кинеско Море, потврдија две официјални лица.

Во несреќата се повредени неколку морнари на бродот УСС Конектикат, соопштија официјалните лица. Ниту една од повредите не е опасна по живот, се наведува во соопштението од американската Пацифичка флота.

Не е јасно што може да ја погоди подморницата од класата Сиволф додека била под вода.

Американската морнарица не прецизираше дека инцидентот се случил во Јужното Кинеско Море, туку дека се случил во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This