January 19, 2022, 11:49 pm

Трифонов се премисли: Ја повлече кандидатурата на Николај Василев за премиер на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, Слави Трифонов на својот фејсбук-профил напиша дека на денот по изборите на 12 јули објавил предлог-кабинет составен само од високо образовани професионалци со јасни приоритети.

– За премиер го предложив економистот Николај Василев, човек со искуство во политика, државната администрација и реалниот бизнис. За само три дена, врз него се истурија многу погрдни зборови. Се покажа дека не е важно колку се образовани кандидатите за членови на владата, колку се добри експерти, колку се јасни нивните приоритети. Се покажа дека тоа не е важно за оние медиуми и политичари, кои го назначија Николај Василев за лидер на Движењето за права и слободи, тврдење кое нема никаква врска со вистината, додаде Трифонов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Трифонов, на Бугарија не и требаат нови избори и нестабилност, додавајќи дека е важно да се отстрани моделот ГЕРБ од јавниот и политичкиот живот.

На крајот од својата објава на Фејсбук, Слави Трифонов напиша дека одлучил да ја повлече кандидатурата на „еден достоен човек како Николај Василев“.

Тој, исто така, најави дека неговата партија наскоро ќе предложи нов премиер со нов состав на влада. Николај Василев и дел од политичкото раководство на „Има таков народ“ утре ќе им дадат одговор на медиумите за нивните следни политички чекори

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This