January 21, 2022, 1:12 pm

Фoн дep Лајен: САД дa ja ykинaт зaбpaнaтa зa влeз нa гpaѓaни нa ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги повика САД брзо да ја укинат забраната за влез во земјата за луѓе од Европа поради коронавирусот.

– Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки, рече Фон дер Лајен.

Таа објасни дека епидемиолошката слика во Европската Унија и САД сега е многу слична.

– Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложи со недели, рече Фон дер Лајен.

Европската Унија ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за влез за сите луѓе што патуваат од Европската Унија, со исклучок на американски државјани или други групи како што се блиски роднини, дипломати и вработени во меѓународни организации.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This