January 19, 2022, 8:31 am

Филипче ќе ги „части“ матичните кои имаат повеќе од 70 проценти вakцинирани пациeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствените власти најавуваат нов пристап во справување со пандемијата. Новите антиковид мерки наместо рестриктивни ќе бидат стимулативни, ветува министерот Филипче. Фокусот ке се стави врз мотивацијата на матичните лекари. Согласно мерките, кои се подготвуваат, тие би требало да бидат бидат финансиски наградени ако процентот на вакцинација е висок.

Состојбата со новиот сој на вирусот, кој е позаразен од претходните, будно се следи, но засега се е на ниво на шпекулации и претпоставки, вели Филипче.

За дополнителните мерки Владата ќе расправа во вторник. Во меѓувреме предлогот за задолжителна вакцинација на здравствените работници и препораката за имунизација на вработените во јавниот и приватниот сектор се уште виси во воздух, поради противењето на синдикатите вакцинацијата да се наметнува со присила и барањето ПЦР тестовите да бидат бесплатни за државната администрација и приватниот сектор.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This