January 17, 2022, 5:53 am

ЈAНУШЕВ:Во наредните денови ќе следат многу активности и настани, ќе направиме сѐ што е во согласност со Уставот и законите за да спречиме капитулација на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во наредните денови ќе следат многу активности и настани, ќе направиме сѐ што е во согласност со Уставот и законите за да спречиме капитулација на државата, рече генералниот секреатар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на протестниот марш во Битола.

Тој објасни дека првично денеска било планирано да се одбележи роденденот на партијата во Битола, но поради последните случувања, одлучиле да организираат протестен марш за да го искажат незадоволството од спогодбата склучена помеѓу Македонија и Грција.

– Ние сме најголема партија во Македонија, без разлика што сме опозиција, ќе продолжиме да делуваме за добробит на сите граѓани и заштита на националните интереси на Македонија, рече Јанушев и додаде дека ќе направат и преземат сѐ што е можно за да го спречат менувањето на името.

Како што истакна тој, црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека не се согласуваат на промена на Уставот со цел промена на уставното име.

– Тоа што денес се случи е класична капитулација. Ова е еден приватен договор на премиерот Зоран Заев кој што се обидува да го наметне на македонската јавност и на целата држава, заклучи Јанушев.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This