МИЦКОСКИ: На 21 април народот ќе му покаже на СДСМ што мисли за тоа што и го направи изминативе две години на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера Народот ја испорача вистинската сметка за она што го доживеа изминативе две години откако СДСМ и Зоран Заев се влада во Република Македонија, но исто времено тој народ им кажа дека времето на нечестити и измамници од политичари е завршено, ова вечерва на митингот во Валандово го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Време е за нова генерација политичари која ќе биде со народот и помеѓу народот и заедно со народот ќе ја гради Република Македонија. Заев заборави дека помина времето на таквите политичари како него, на таквите измамници и лажливци, а на 21 април народот ќе му покаже што мисли за тоа што и го направи изминативе две години на Македонија. Едноставен е изборот браќа и сестри: Од едната страна ја имаме онаа во мафиjaшки стил создадена коалиција која што застана зад Стево Пендаровски кој е симбол зад сиот транзициски kpиминал кој што се случи во Македонија, погледнете ги луѓето кои застанаа зад Стево, тоа се луѓето кои се виновни за целокупната пљачка во Македонија и тие луѓе нас ни велат дека ќе сме оделе напред и од друга страна ја имаме професорката Гордана Силјановска Давкова која е симбол на правото и правдата, без компромисен бopец и заштитник на законите и Уставот, вели Мицкоски.

Тој вели дека самиот оној што му седи во скут на Заев кажал дека е 102 проценти ист како него.

-Тоа е иста паричка со лице и опачина затоа изборот го имаме во оваа скапа транзициска коалиција која стои зад Пендаровски Стево и Заев Зоран и од друга страна ја имаме честитата и искрената коалиција од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Гордана Силјановска Давкова. Изборот е јасен, изборот е дека иден претседател на Македонија е Гордана Силјановска Давкова. Заедно ќе ја донесеме правдата во Македонија и сета оваа неправда која ја направија во изминатите две години, тргувајќи со името, потенцира Мицкоски.

Митингот во Валандово се уште е во тек, а истиот можете да го погледнете во продолжение:

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This