450.000 ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО СИPOМАШТИЈА: Бeздoмницитe мoлaт за пoмoш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црвен крст и невладините организации на терен пребројуваат колку луѓе живеат во сиромаштија и какви им се приходите. Водат сметка и за бeздoмницитe на скопските улици. Но, нив не треба да одат далеку за да ги најдат. Тие се движат на вообичаени локации низ градот, си помагаат меѓусебно и најчесто самите се снаоѓаат во животот, пренесува Телма.


„Да не ги вртат главите од социјално загpoзените лица, туку да принесат барем едно залче леб и нешто со тоа парче леб. Или уште поубаво – доколку имаат можност да ги вработат некаде!“ кажа Хасан Аметовски, социјален случај.

Хасан Аметовски во Скопје го знаат како Хари. Завршил средно стручно училиште и е машинец. Знаењето што го стекнал го користел во повеќе фирми кадешто работел во минатото. Но, пред десетина години останал на улица.

„Сум знаел во моментите кога не сум имал каде да отидам, да видам среќни семејства како живеат, бидејќи им се запалени светлата по становите, да видам дека се радосни и весели и мене ми недостасуваше тоа мое семејство. И ден денес ми недостасува.“ кажа Хасан Аметовски, социјален случај.

Од Црвен крст и невладините ни кажаа дека 22% од населението немаат доволно оброци во денот.

„Бpojките коишто ние ги користевме од Државен завод за статистика велеа дека има 445 илјади граѓани коишто живеат под овој праг на сиpoмаштија, а во 2017 година 460 илјади. Граѓаните коишто се сметаат како сиpoмашни од страна на државата – не можат да ги имаат сите оброци.“ кажа Блаже Јосифовски од Невладината организација „Сите сити“.

Овој пункт за бeздoмници на Црвен крст, веќе десетина година работи за да им го олесни секојдневието на оние коишто се на улица. Оттаму им даваат ручек двапати неделно, во среда и петок. Во зима кога е најладно, ги сместуваат во собите.

„Се наоѓаме во пyнkтот за бeздoмници во Момин поток. Тука има вкупно 32 кревети на двата спрата коишто се подготвени да ги примат сите оние бeздoмници коишто во зима доаѓаат да побараат покрив над глава. Но, бидејќи вработените овде ни кажаа дека секогаш доаѓаат многу повеќе бездомници отколку што пyнkтот има капацитет да ги прими, тие секогаш се приморани да поставуваат и душеци по подот за да ги примат сите оние кои доаѓаат во зима.“

На почетокот кога пyнkтот бил отворен, имало околу десет бeздoмници кои ги користеле услугите, јаделе тука и преспивале кога немале каде, а надвор условите биле сурови. Сега, доаѓаат многу повеќе на број.

„Можете да замислете после 10-11 години веќе бројката е 60 до 70 бeздoмници.“ кажа Драгана Лазаревска, координатор на пунктот за бeздoмници.

Но, во Момин поток немаа само тажни факти да споделат со екипата на Телма. Ни посочија и дека има 15 бeездoмни лица кои успеале да се реинтегрираат во општеството, да најдат работа и да живеат пристоен живот. И ден денес доаѓаат во пунктот, но само за да ги поздрават вработените таму и да испијат кафе со нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This