ПАНДОВ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Се позивесно е дека референдумот ќе се одржи, но ВМРО-ДПМНЕ уште сега треба да работи истиот да биде неуспешен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се поизвесно е дека референдум ќе има, без разлика дали на тоа се согласува опозицијата или не. Но, најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е во овој момент да најде начин истиот да го направи неуспешен, дали преку бојкот или други механизми – пишува аналитичарот Александар Пандов на својот ФБ профил

Се поизвесно станува дека, на некого му се допаѓало тоа или не, референдум околу промена на нашиот идентитет и уставното име на државата ќе има на крајот на септември. Поради бруталноста на пропагандата во замајување на македонската јавноста се почето кружат термини за ”задолжителен”, ”обврзувачки”, до одредени експерти ни објаснуваат што би бил ”фер” цензус на референдумот. Од друга страна последните 15 години ВМРО и сите нејзини првенци, повикуваа на референдум во случај на решение за името (иако не е сега само името на татковината, туку е и целата историја и идентитет), а да се потсетиме, Заев ќе оди на референдум секако. Од тука ние не треба да бараме од ВМРО-ДПМНЕ да го спречи неговото одржување, но можеме и мораме да бараме нејзино активно вклучување во сите фази од тој референдум, се до официјално објавување на резултати од ДИК дека е неуспешен. Според мене:
Прво, ВМРО мора да инсистира на бројка од 50% + 1 граѓанин или во бројки над 900.000 граѓани да излезат на тој референдум, за да тој биде успешен. Тој е основен услов
Второ, ВМРО уште од сега треба да направи списоци на контролори по гласачките места и нивни заменици. Нормално тоа треба да бидат нејзините најпроверени и докажани членови
Трето, ВМРО мора да ги замоли пријателите на Македонија од Австрија, Унгарија и Турција за испраќање на што поголем број нивни контролори на тој референдум
Четврто, но и најважно, ВМРО веднаш да започне кампања по сите населени места, села и градови, објаснувајќи ја штетноста на предавничките договори кој ги потпишаа Димитров и Заев, опасноста од бришење на нас како народ и поделба на Македонија, како и огромното значение на што помасовен БОЈКОТ на референдумот
Да живее Република Македонија

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This