(Фото) Вpие од полиција во ГТЦ: Елвис Бајрам нелегално копал криптовалути во магацинските простории со див приклучок на електрична енергија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам неофицијално е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје.

Ова попладнево го открија новинарските екипи на Инфомакс и Клан Македонија во Гратскиот трговски центар во Скопје.

Имено на екипата на Клан Македонија и новинарот Фуркан Салиу најпрво им било забрането да снимаат во магацинските простории на ГТЦ, а притисоци имало и врз екипата на Инфомакс, каде на терен се наоѓа уредникот Александар Митовски.

Во моментов во еден од магацините цо ГТЦ се проверува информацијата дека синот на Амди Бајрам, Елвис, нелегално копа криптовалути.

Според информациите на Инфомакс, во магацинот има десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

За потрошената електричната енергија плаќаат дуќанџиите во ГТЦ.

Пред магацинот на лице место во моментов има полиција и инспектори од МВР.

Директорот вели дека не знае што се случува бидејки кај него има ревизија.

На позицијата директор на ГТЦ е поставен Ѓоко Трајчевски кој дојде на оваа функција на местото од Аго Абазовски, кој беше дел од партијата на Амди Бајрам.

Името на Трајчевски минатата година се споменуваше во скандал тежок 600 илјади евра кога тој за вртоглава сума од 36.5 милиони денари ги промени светлата во ГТЦ.

Неофицијално магацинот е под закуп на семејството Бајрам.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This