Азизи до ДУИ: Истpayматизирани сте до хистepија – змиcкото гнездо ви е во Тетово на Беса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Генералниот секретар на Движењето Беса Аднан Азизи и испрати порака на ДУИ преку своја објава на фејсбук. Тој напиша дека ДУИ прешла во хистерија, поради загубата на Тетово и оти нападите, кои таа ги врши врз Беса, само уште повеќе ја засилуваат неговата партија.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА ја пренесува интегрално објавата на Азизи на неговиот фејсбук – профил:
„Железото се стврднува во огнот: специјалната и невидена војна, што деновиве ја водите против Движењето Беса, само ги засилува нашите редови и не прави посилни да ве поразиме во следните битки.

Победата во Тетово толку многу ве истрауматизира, што влеговте во хистерија. Бесните напади сведочат за паниката од следната загуба.

Не заборавајте дека и вие имате свое седиште – змиско гнездо на нашиот олтар, во Тетово на Беса!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This