САД повторно ја активираа 56-та apтилериска koманда во Германија поради „руската зakaна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД повторно ја активираа 56-та артилериска команда во Германија, која беше сместена во тој регион за време на Студената војна. Американските медиуми наведуваат дека тоа е одговорот на САД на растечките тензии меѓу НАТО и Русија, којa наводно покажува сè поофанзивна позиција, додека експертите предупредуваат дека тоа создава дополнителни тензии во светот.
„САД никогаш нема да ги повлечат своите трупи од три земји – Германија, Јапонија и Јужна Кореја. Тоа се клучни точки за нив и покрај сите приказни за суверенитетот и независноста на овие земји, како и договорите. Ова се трите упоришта на САД во светот. Германија отсекогаш била местото каде што конфликтот меѓу источниот и западниот блок бил најжесток: меѓу земјите на НАТО и земјите од Варшавскиот пакт, меѓу САД и Советскиот Сојуз. Треба само да се потсетиме на кризата во Берлин и на другите, што за малку ќе доведеa до војна“, изјави за Спутник рускиот политиколог Јуриј Светов.
Медиумите потсетуваат дека за време на Студената војна, 56-та артилериска команда беше задолжена за нуклеарните ракети со среден дострел „Першинг 2“, еден од симболите на т.н. „Евро-ракетни кризи“ меѓу НАТО и СССР. Таа структура престана да постои во 1991 година, четири години откако САД и СССР постигнаа договор за ракети со среден и краток дострел.
Меѓутоа, во 2019 година администрацијата на Трамп го отфрли тој договор, кој беше темел на европската безбедност, а потоа, по ненадејната одлука на Вашингтон, Русија се повлече.

Укинатиот договор забрануваше употреба и развој на нуклеарни и конвенционални балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри. Двете страни претходно меѓусебно се обвинуваа за прекршување на договорот.
Русија има одговор на секоја закана
Медиумите наведуваат дека 56-та артилериска команда со седиште во Мајнц-Кастел треба да биде вооружена со крстосувачки ракети „Томахавк“ и ново хиперсонично нуклеарно оружје со среден дострел. Во тој контекст се споменуваат хиперсонични проектили „темен орел“ кои кога ќе бидат целосно развиени ќе имаат брзина од 4.000 милји на час. Британските таблоиди пресметаа дека „орелот“ ќе може да лета од Германија до Москва за 21 минута и 30 секунди.
Сепак, малку е веројатно дека овие американски планови ќе се спроведат. Прво, тестирањето на таа ракета сè уште не е завршено. И второ, тешко дека Германија ќе дозволи да се постават американски лансери на нејзина територија, бидејќи таа земја веднаш би била цел на руски ракети.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија нема да распореди ракети со среден дострел додека таквите американски ракети не се појават во Европа.
Тој предупреди дека распоредувањето на американски ракети во Европа ја загрозува безбедноста и на Русија и на светот во целина и вети одмазднички и асиметрични мерки. Тоа значи дека Москва во тој случај ќе биде принудена да ги насочува своите ракети не само кон земјите од кои ќе дојде непосредната опасност за Русија, туку и кон териториите каде што има центри за донесување одлуки за употреба на ракетни комплекси кои се закана.
Некои руски воени експерти веруваат дека Русија, штом ќе се појави „темен орел“ во Европа, ќе одговори асиметрично со распоредување на хиперсонични ракети со поголема брзина, со дострел до 5.000 километри.
Неуспешно тестирање на американско хиперсонично оружје
Меѓутоа, руските воени експерти посочуваат дека американските планови изгледаат убедливо само на хартија, бидејќи САД во моментов немаат проектили од „темен орел“ или некое друго хиперсонично оружје. Русија останува единствената земја во светот која има такво оружје.
На крајот на краиштата, тестирањето на американското хиперсонично оружје беше прекинато на крајот на минатиот месец, бидејќи ракетата „бустер“ што забрзува до хиперсонична брзина не работеше.
Дури и ако Американците успеат да направат сопствена хиперсонична ракета и да ја лансираат од Германија до Москва, таа сепак нема да стигне до Русија, бидејќи како што истакнуваат воени експерти, Русија е единствената земја која има оружје што може да одбие таков напад и е во состојба да реагира брзо.на секоја закана .
Од друга страна, Светов смета дека сега почнува борбата за влијание меѓу САД и Германија.
„Германците се стремат кон поголема независност од САД отколку што имаат сите овие години, а тоа јасно се покажа во конфликтот за „Северен тек 2“. САД се обидоа да дејствуваат со санкции, но не успеаја, па се вратија со методи од Студената војна, т.е. со зајакнување на военото присуство во Германија. Она што го повлекоа од Германија за да ги смират тензиите во центарот на Европа сега се враќа таму. Станува збор за демонстративен гест, кој нагласува дека Германија е под протекторат на САД и дека нејзината независна политика може да биде само во одредени граници“, смета политикологот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This