Шекеринска: На граѓаните им е смaчeно да бpoјат пратеници, ќе има ново мнозинство кое ќе продолжи на европскиот пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Граѓаните се уморни од броење пратеници, сакаат да бројат квалитетни закони, квалитетни реформи и резултати, вака денеска ја коментираше сосетојбата во Собранието, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Шекеринска рече дека неизгласувањето на предлогот за недоверба на Владата го оневозможило прекинот на евроинтегративните процеси, притоа потенцирајќи дека се во преговори за обезбедување парламентарно мнозинство.

„Граѓаните го примија ова со олеснување, сега очекуваат да го потврдиме со обезбедување парламентарно мнозинство кое ќе гарантира функционирање на Собрание и нормален тек на реформскиот процес. „Разговорите се водат, очекувам ова брзо да заврши и успешно, бидејќи имаме работа“, рече меѓу другото Шекеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This