АБОЛИЦИЈА ИЛИ АМНЕСТИЈА ЗА ПАТРИОТИТЕ: Светскиот Македонски конгрес бара ослободување на Панче Ангелов и останатите патриоти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и натаму бара Претседателот на Републиката да изврши аболиција, или Собранието да изврши амнестија на сите кои се во притвор, осудени и под истрага, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, имајќи предвид дека и покрај нивниот патриотизам за заштита на суверенитетот и интегритетот на државноста, уставноста и законитоста, овие лица беа жртви на сценарио на интересите на Владата, опозицијата и Калето.

Имајќи предвид дека претходно Собранието со закон ги амнестира терористите од војната во 2001 година, а претседателот аболицира сторители на кривични дела, поради еднаквоста на сите пред Уставот и законите и семакедонско помирување, СМК бара помилување и на лицата инволвирани во настаните од 27 април 2017 година.

СМК бара соодветна правна заштита и ослободување на шеесетипет годишниот Панче Ангелов, обвинет за насилство врз Радмила Шеќеринска и Зоран Заев, од 27 април годинава во Собранието на Македонија!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This