Авганистанците оcтавени на цeдило: На аеродромот во Кабул дозволен влез само за државјани на САД и земјите-членки на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ќе ја сменат политиката за пристап на меѓународниот аеродром во Кабул, објави Си Ен Ен.

На територијата на аеродромот во иднина ќе им биде дозволен влез само на државјани на САД и земјите-членки на НАТО, како и на лица кои поседуваат американска зелена карта. Американците и државјаните на земјите од НАТО ќе имаат право да земат блиски роднини со себе. Авганистанците кои аплицирале за специјална имигрантска виза за САД не спаѓаат во оваа категорија.

Според извори на Си Ен Ен, членовите на радикалното талибанско движење и помагаат на американската војска со проверка на документите на оние кои сакаат да влезат на аеродромот.

Телевизијата објави дека моментно има околу 20.000 луѓе на аеродромот во Кабул, а периодот на евакуација истекува на 31 август. По тој датум, талибанците ќе го сметаат присуството на американските сили во Авганистан како продолжување на окупацијата, изјави денеска портпаролот на политичката канцеларија на движењето во Катар, Мохамад Сохаил Шахин.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека постои можност за пролонгирање на рокот, но портпаролот на Талибанците ја демантираше оваа информација нагласувајќи дека не добиле никакво барање за продолжување на рокот евакуација на американските воени сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This