Авганистан има седум милијарди долари резерви во американската централна бакна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гувернерот на Централната банка на Авганистан, Ајмал Ахмади, изјави денеска дека земјата има околу девет милијарди долари резерви во странство, и речиси ништо во готово во земјата.

Ахмади на Твитер изјави дека најголем дел од таа сума, околу седум милијарди долари, е во централната банка на САД, во обврзници, пари и злато.

Износот на готовински долари во Авганистан е „близу до нула“, рече Ахмади, додавајќи дека земјата не ја доби планираната испорака на пари минатата недела, за време на офанзивата на Талибанците, која во меѓувреме ја презеде целата територија.

„Испораката не дојде. Се чини дека нашите партнери имаа добра интуиција за тоа што ќе се случи“, изјави Ахмади, цитиран од Бета.

Тој додаде дека недостатокот на долари во готово најверојатно ќе доведе до зголемување на инфлацијата.

Пристапот до резервите на САД ќе биде комплициран бидејќи американската влада ги смета Талибанците за терористичка група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This