Авионска несреќа на пат во Тексас – се сруши авион пред ресторан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мал авион се сруши на патот во Тексас во близина на ресторан, а според првите информации пилотот заедно со уште еден сопатник загинале.

Несреќата се случила во вчера по локално време, а причината засега не е позната, објави локалната противпожарна служба. Авионот паднал кратко по полетувањето од локалниот аеродром во Тексас. Локалната телевизиска станица, повикувајќи се на изјавите на сведоците, извести дека авионот имал проблеми и дека за време на несреќата удрил во телефонскиот столб, а потоа и во задниот дел на камионот што поминувал таму.

Како што се додава, авионот се запалил и паднал во близина на ресторанот „Соник“. Противпожарната служба апелираше до возачите да го избегнат местото на несреќата. Засега не е познато за каков вид на авион станува збор, како и за тоа колку луѓе имало во авионот. Се претпоставува дека станува збор за авион наменет за две лица. Видеа и фотографии од несреќата беа објавени на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This