Австрија приврeмено ја пpekина ваkцинaцијата со вaкцинaтa Астразенека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриските власти денеска привремено престанаа да им даваат на граѓаните вакцина Астразенека како претпазливост, сè додека не се испита смртта на медицинската сестра и болеста на уште едно лице кои настанаа откако тие ја примија оваа вакцина, соопшти денеска државната здравствена служба.

„Федералната канцеларија за јавно здравје (БАСГ) доби два извештаи потенцијално поврзани со вакцинирање од ист контингент на дози на вакцини Астразенека во болница во Цветл, Долна Австрија“, се вели во соопштението на канцеларијата цитирана од Ројтерс.

Медицинска сестра (49) починала поради сериозно нарушување на коагулацијата, додека друга жена (35) развила белодробна емболија и се опоравува во болница.

„Во моментов, нема докази за поврзаност помеѓу двата случаи и вакцините“, рече БАСГ.

Медиумите наведуваат дека двете жени се медицински сестри и дека работеле на иста клиника.

BASG наведува дека згрутчувањето на крвта не е пријавено меѓу несаканите ефекти на вакцината Астразенека.

„Како претпазливост, преостанатите вакцини од овој контингент не се користат“, наведува БАСГ, пренесува Танјуг.

Астразенека досега немаше коментар по повикот на Ројтерс да даде коментар за двата случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This