АВСТРИЈЦИТЕ И ГЕРМАНЦИТЕ ИЗМАМЕНИ, НАМЕСТО КАРГО АЕРОДРОМ ВО ШТИП, ТУРЦИТЕ ЌЕ ГРАДАТ КАНАЛИЗАЦИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средствата што турската компанија „ТАВ Македонија“ ги имаше предвидено за пропаднатиот проект за изградба на карго аеродром во близина на Штип ќе се пренаменат за јавни добра, во најголем дел за изградба на канализација, вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Австриската компанија што стoпанисува со Виенскиот аеродром и германската компанија Фрапорт што стопансува со аеродромот во Франкфурт и десетина аеродроми во Европа и Турција пред десет години се откажаа од трката за македонските аеродроми токму поради инсистирањето на Владата на Груевски да се гради аедродром во Штип.

Сугарески, кој вчера беше во посета на патарината Сопот близу Велес, кажа дека неговото министерство веќе ги има распишано тендерите и дека станува збор за средства во износ од 45-46 милиони евра.

„Ќе ги вложат во јавни добра, кои се од јавен интерес на граѓаните на Република Македонија. Во најголем дел ќе бидат за канализација, за проекти кои што Министерството за транспорт и врски веќе ги има распишано тендерите. Тоа се средства во висина од 45-46 милиони евра и се за посебен интерес“, изјави министерот Сугарески.

Тогашната влада на Никола Груевсии, реши карго аеродромот да се гради и во договорот за концесија на двата постојни македонски аеродроми, потпишан со ТАВ во 2008 година, предвидено е турската компанија, во пакет со реконструкцијата на Скопскиот и Охридскиот аеродром, да го изгради и Штипскиот аеродром, а потоа да ѝ го даде на управување на владата.

Интерес за концесија на Скопскиот и Охридскиот аеродром тогаш изразија Виенскиот аеродром и компанијата што стопанисува со аеродромот во Франкфурт и десетина други аеродроми Фрапорт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This