АВТОБУСИТЕ КАКО ФРИЖИДЕРИ НА ТРКАЛА: Новото раководство на ЈСП ги остави граѓаните без греење во автобусите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поларните температури пристигнаа во Макеоднија, температурата во текот на вчерашниот ден во Скопје достигна и до -15 степени целзиусови. Во вакви временски услови повеќе автобуски линии се без греење. До нашата редакција пристигна конкретна информација дека речиси цела недела во автобусите од автобуската линија 27 нема греење.

Греење нема токму во временски период кога во Македонија пристигна најголемиот студен бран оваа зима. Во јавноста кружат информации дека постојат и други автобуски линии во чии автобуси нема греење, но не може со сигурност да се потврдат овие информации. Граѓаните го обвинуваат новото раководство на ЈСП за неажурност.

Ова не е единствената замерка која ја имаат граѓаните кон ЈСП. Имено автобуската линија 50 чија станица помпезно беше преместена во ГТЦ поради наводното враќање на ,,животот’’ во трговскиот центар направи повеќе проблеми отколку што донесе бенефит. Поради просторни проблеми повеќе нема двокатна 50-ка, а обичните автобуси немаат доволен капацитет за примање на сите патници. Токму поради ова граѓаните започнаа со потпишување на петиција за враќање на старата станица на автобусот со број 50.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This