ОСУДЕН НАСИЛНИК, ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ: Златко Марин поставил лице со историја на семејно насилство за директор на училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодамна градоначалникот на општина  Аеродром за директор на основното училиште “Лазо Ангеловски”, кое воедно е најголемо основно училиште во Скопје и едно од најголемите во Република Македонија, го назначи Перо Арсеновски.

Перо Арсеновски за кој своите колеги претпоставуваат дека е назначен за директор по партиска линија, немаат многу што пофални зборови да кажат. А, штом колегите со кои работиш долги години не те фалат, тоа значи дека нешто не е во ред.
До нашата редакција стигнаа документи кои говорат каков човек е на чело на најголемото основно училиште во Скопје и каков човек е на чело на образовна институција во која учат околу 1000 малолетни деца.

Имено Перо Арсеновски во 2013 година е тужен и осуден за семејно насилство врз своето семејство, при што и нанел телесни повреди на својата сопруга.

Документите кои сведочат, може да се види дека актуелниот директор на основното училиште “Лазо Ангеловски”, Перо Арсеновски, во два наврати е тужен за семејно насилство, при што првиот пат Основното јавно обвинителство поднесува обвинителен предлог за нанесување на телесни повреди врз сопругата, а вториот пат за непочитување на пресудата донесена при првата тужба.

Јасно може да се забележи во обвинителниот предлог дека Перо Арсеновски при малтретирање на својата сопруга се служел со тупаници, шлаканици и и нанел сериозни телесни повреди.

Дали градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, бил свесен и знаел за пресудата во моментот кога го назначувал за директор на образовна институција Перо Арсеновски, останува непознато.

Родителите на децата кои успеаја да коментираат за ова, но сакаа да останат анонимни, се загрижени за иднината на образовниот процес на нивните деца.

Дали во моментов градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, ќе реагира на овој случај останува да видиме.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This