АВТОБУСИТЕ НА „ДУРМО“ БИЛЕ „АМОРТИЗИРАНИ ТЕЗГЕРИЊА“: Читател тврди дека причината за нecpeќaта е задната пратечка осовина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читател на „Инфомакс“ во коментар под објавата на изјавата на сопственикот на „Дурмо Турс“ чиј автобус се преврте, предизвикувајќи огромна тpaгeдиja во која зaгинaa 14 лица, а 32 беа пoвpeдeни, објаснува дека можната причина за нecpeќaтa е неприлагодена брзина и неисправен автобус


Како што пишува читателот, причината може да се побара во типот на автобус кој е со три осовини. Имено, тој објаснува дека автобусот на cмpттa има една предна – управувачка осовина, средна погонска осовина и задна или пратечка осовина.

Драги читатели сакам да споделам мое мислење еве вака.. Кршевите што ги поседува ТУПАН Турс се амортизирани тезгериња што се купени од Хисар.. од жолти Се префарбани во таква црвена.. е сега колку се исправни.. самиот автобус има 3 осовини.. што значи Предна или управувачка.. Средна статична- погонска и задна осовина- пратеча.. во оваа ситуација имате нај небезбедно возило.. еве зошто.. додека со преднста осовина(управувачка) вртите Лево со воланот пратечата со благ нагиб ги врти тркалата во десно зошто е тоа така.. бидејќи автобусот е долг и при мал радиус на вртење пратечата осовина ги врти тркалата обратно од предната и затоа радиусот на вртење е помал…додека автобусот на Cмpттa возел со брзина од 100км/h пратечата сигурно почнала да вибрира и автоматски ја губи контролата на правецот.. зошто ДУНСТЕРИ мајстори ги одржуваат пали визи. и затоа е дојдено до ова..100% сум убеден во себе дека пратечата осовина има сјебано работа.. од неодговорност.. сочуство до зaгинaтитe и нивните фамилии..Премногу ми е жал.. на пoвpeдeнитe побрзо зaкpeпнувaњe.. со почит кон сите… АМИН – пишува читателот.

„Инфомакс“ консултираше и механичар кој ја потврдува можноста за вако сценарио.

„Задната или товарна осовина во некои од автобусите служи и како управувачка, ротирајќи спротивно од управувачката, со цел зголемување на агилноста на автобусот и намалување на пречникот за вртење. Некои автобуси имаат опција истата да биде спуштена или крената по потреба. Секако, ако не е соодветно одржувана може да предизвика проблем“ – вели за „Инфомакс“ механичар.

Дека задната осовина би можела да биде проблем, дополнително отвара сомнеж и информацијата дека возачот не можел да го исконтролира автобусот иако се обидувал да го сврти воланот, но и фактот дека автобусите биле контролирани и бил вршен технички преглед од страна на истата фирма чија сопственост е и туристичката агенција со што се отвара и можноста за нецелосно почитување на правилата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This