Автобусот кој изгope само годинава има остварено 113 преминувања на државната граница и тоа без лиценца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги пренесе податоците што ги потврди бугарското обвинителство според кои со автобусот се превезувале 52 патника, а од настанатата сообраќајна незгода и пожарот кој што настанал притоа, настрадале 45 лица, додека седум лица успеале да го напуштат автобусот и биле пренесени во клиниката „Пирогов“ во Софија.

Спасовски појасни дека полицијата прави контрола на документите кои лицата и возилата е потребно да ги имаат при преминување на државната граница, односно патни исправи и лични карти за патниците, и дека за возилата припадниците на МВР ги контролираат сообраќајната дозвола и зелениот картон, додека контролата на лиценците за автобуски превоз на граничните премини е во надлежност на Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт.

Според евиденцијата на МВР министерот Спасовски информираше дека автобусот од сообраќајната трагедија во Бугарија во 2020 година во 22 случаи има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има остварено 113 преминувања на државната граница, и дека тој автобус за првпат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година, во сопственост на „БЕСА ТРАНС БТБ“ ДООЕЛ, а последниот технички преглед е направен на 05.10.2021 година.

Спасовски соопшти дека согласно резултатот за измерени вредности од техничкиот преглед направен од страна на стручните лица во овластеното правно лице за вршење на технички преглед на возила, нема отстапки кои укажуваат на неисправност на возилото и нема забелешки. Притоа, важноста на регистрацијата е до 13.10.2022 година, и дека возилото е произведено во 2007 година.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски информираше дека опожарениот автобус со регистарски таблици СК 0284 БА кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во единствената електронска база на податоци на Министерството, и дека за истиот автобус не поседувал извод од лиценца, а за превозот на патници користел неважечки извод кој се однесувал за друг автобус.
Во врска со шпекулациите во јавноста како превозникот „Беса Транс БТБ“ ја минувал границата, министерот Бочварски информираше дека изводот од лиценца со број 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа, а кој бил користен за опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот „Беса Транс БТБ“. Од тоа станува јасно дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило, а во друг наврат ја прикажувал и лиценцата од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This