АГРОН БУЏАКУ БЕЗ ПЛАН, ЛИЛЕ ПОПОВСКА МОЛЧИ, ЗАЕВ ЗАГУБЕН: Горат илјадници хектари шума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува трагедијата во која со денови горат илјадници хектари шума низ цела Македонија. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.

Жално е да се гледаат пожарите кои со денови никој не ги гаси, а владините министри само ги интересира поставувањето на директори, возењето во министерски автомобили и вработувањето на најблиските соработници од СДСМ, невладиниот сектор на Сорос или т.н. Шарена револуција.

Истовремено, Мери Николова-Буџаку, како истакнат член на СДСМ и сопруга на Агрон Буџаку почна кампања за ослободување на Бајруш Сејдиу и неговиот мафијашки клан.

Пожарот во атарот на селото Требовље се заканува да го пеплоса селото. Мештаните веќе 10 дена по социјалните мрежи алармираат за состојбата со пожарите.

Од МВР велат дека пожарот во атарот на селото Требоље, Македонски Брод зафаќа голема површина и оти засега не е локализиран.

Оваа информација ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи. Се работи за два пожара од кои едниот е од месноста „Круша“, атар на селото Близанско со правец на движење кон Требовље, а вториот пожар е од Требовље со правец на движење кон месноста „Лутоец“ и Фојник. Поради високите температури и лошиот терен, пожарот, со којшто е опфатена борова шума, се уште е активен. Вчера попладне пожарот бил пристигнат до патот во близина на селото Требовље и биле загрозени првите куќи од селото.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This