Адвокатот Миланов најави жалба на пресудата за протестите во Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Протести во Центар” затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. Денес Основниот кривичен суд донесе пресуда со која на Никола Груевски му изрече казна затвот од една и пол година, а Миле Јанакиески и останатите обвинети ги осуди на условни казни.

„Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив, а одбраната во своите завршни зборови бараше истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновени и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на товар. Тоа би значело дека најверојатно ќе пишуваме жалба“, рече адвокатот Миланов по изрекувањето на пресудата за „Протести во Центар”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This