АДВОКАТОТ НА ГОРАН АНГЕЛОВ: Не очекувам фер судење, историјата се повторува за нас Македонците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот на Горан Ангелов кој е еден од обвинетите за случувањата од 27 април, Тони Менкиновски во своето гостување во вестите на телевизија Алфа истакна дека не очекува фер судење на обвинетите во случајот.

-Не очекува фер судење по начин на кој се води целата постапка, јас реагирав и на условите во судницита, мислам дека нема да имаме фер судење, вели тој.

Во текот на вчерашниот ден на судењето за случајот 27 април, на адвокатот Менкиновски не му беше уважено барањето за подготовка за одбрана за обвинетиот Горанчо Ангеловски со што судијката Добрила Кацарска направи нов преседан во македонското судство.

-За жал морам да кажам бидејќи не се запазени принципите на фер постапка, јас морав да го откажам полномошното на мојот клиент свесен за последиците врз мене и свесен дека во иднина ќе бидам казнет поради таа причина. Но јас не можам да бидам соучесник да го бранам мојот клиент да дадам делотворна одбрана немајќи докази, немајќи ништо освен едно полномошно. Јас бев ангажиран еден ден пред судењето за Горанчо Ангеловски од страна на неговата сопруга, наредниот ден почна судењето и наредниот ден јас добив полномошно на записник од страна на Горанчо во судот. Исто така јас тој ден побарав од судијката да ми даде доволно време согласно законот за Кривична постапка и согласно сите европски и меѓународни правила за спремање на ефикасна, ефективна, делотворна одбрана за мојот клиент. Таа тоа не ми го дозволи, напротив го одби моето барање и продолжи со процесот, истакна Менкиновски.

Менкиновски забележува дека ова не е прво вакво судење за македонскиот народ и вели дека низ историјата сме виделе низа вакви судења во кои Македонци биле судени од друга држава, но сега Македонците ги суди сопствената држава.

-Многу ми е жал што ваквиот процес за нас Македонците не е прв. Ние имаме четири вакви процеси кои започнуваат од 1892 година во Софија, бидејќи јас истражував претходно, тоа е првиот македонски процес тоа е во Софија против Александар Караѓулев. Вториот доаѓа во 1927 година против македонските студенти, па понатака имате 1942 година, значи тоа е процес против македонскиот литературен кружок каде со смртна пресуда е осуден Никола Јанко Вапцаров. И предметот против Котевски. Значи овие се предмети кои се брзи. Тие наши Македонци како и овие сегашни Македонци биле обвинети за насилно уривање на уставниот поредок на тогашните држави, сега имаме на нашата држава. Историјата се повторува за жал на нас Македонците. И како сега јас да бидам соучесник во нешто што е надвор од сите цивилизациски придобивки од сите стандарди, потенцира тој.

Адвокатот Менкиновски спомена дека сегашниот процес многу наликува на пресудите за Македонците во 1947 година.

-Обвинението го слушнав од страна на обвинителката кога имаше воведен говор и знаете што е многу интересно таа, правеше техничка измена на обвинението ги тргаше зборовите веќе, веќе. Многу ме потсети на пресуди кои ги имам читано за Македонците во 1947 година каде е употребувано идно несвршено време ќе. И тука сакам да ви кажам дека сметам дека овој процес навистина излегува од рамките на фер постапка, забележа Менкиновски.

Имено адвокатот Тони Менкиновски бесплатно ги застапува и брани правата на Македонците од Бугарија и Грција, Виножито и ОМО Илинден, а меѓу другото е наведен како еден од најдобрите бранители на човекови права од страна на самиот комесар за човекови права на ОН

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This