АДВОКАТОТ НА КОЧАН ДОДОВСКИ НЕМА ДОБИЕНО НИКАКВО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИТВОР НА КОЧАН: Како медиумите пред обвинетиот и пред одбраната добиле информации дека е одреден притвор?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Додовски, адвокатот на Сеад Кочан денеска пред медиумите изјави дека нема добиено никакво решение за мерка притвор за Кочан и дека не може да каже ништо додека се’ дознаваат преку медиуми.

dodovski-640x342

– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната на Основниот суд побаравме информации, нема. Треба медиумите да објаснат како наместо на обвинетиот, нив им се дава информација дека е притворен, рече Додовски.

Според него, невообичаено е како медиумите дознале пред одбраната и обвинетиот дека е одредена мерка притвор.

– Информацијата не е од судот, кој ја дал можеби вие можете да ми помогнете да ми објасните, но на одбраната и обвинтетиот мора да им се достави решение. Додека не им се достави решение на одбраната и обвинетиот, Сеад Кочан е слободен граѓанин, смета Додовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This