АДЕМИ УКИНА МАНИФЕСТАЦИЈА СО 40 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА: „Денови на Македонска Музика“ тргната од програмата на министерството за култура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалозната програма објавено на 8 февруари, Министерството за култура утрово објави нови резултати за Годишната програма на поддржани проекти од Министерството за култура.

Од објавената програма може да се забележи дека најголемиот број корисници останаа со истите износи кои беа одобрени, додека оние кои не добија поддршка како Скопје џез фестивал, по ревизија на програмата добија определени средства, пишува „Магазин.мк“.

Интересно е што определени проекти кои од национален интерес кои во првата објава добија средства, сега воопшто ги нема. Во недостаток на официјални информации, не се знае дали станува збор за ненамерна грешка или не.

Традиционалната манифестација „Денови на македонска музика“ која се одржува повеќе од четири децении, во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ ја нема во новата објава на министерството.

Се поставува прашањето дали министерството ќе укине една од најзначајните македонски манифестации која става посебен акцент на македонските автори и нивното творештво? Манифестацијата која традиционално се одржува во март/април сеуште не ја објавила својата програма на која вообичаено гостуваат странски и домашни ансамбли презентирајќи го најновото творештво, но и бисери од македонската национална класична музика.

Откако минатата година Алаѓозовски ги поништи резултатите за наградените дела на Конкурсот на министерството за култура, оваа година повторно по објавување на резултатите министерството ги укина средствата доделени на македонските композитори.

Ваквиот однос на македонските автори и СОКОМ не може да биде случаен. Напротив, се чини дека единствено спрема оваа институција со седумдецениска историја која е темел на македонската музичка култура се води селективна политика базирана на необјективни услови пишува „Магазин.мк“.

Минатата година, по реакциите на композиторите за поништените резултати од конкурсот и поведените судски спорови, Алаѓозовски го напушти министерското столче.

СОКОМ од неодамна доби потпретседателско место во Управниот одбор на најголемата светска асоцијација на композитори ECSA со седиште во Брисел, која ги штити интересите на своите членки и нивните автори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This