Најновите податоци што вечерва ги објави Министерството за здравство покажуваат дека Скопје останува град со најголем број на активни случаи на Ковид-19 од кои најмногу има во Аеродром, Карпош и Центар.
Во Аеродром се регистрирани 699 активни случаи, во Карпош 547 и во Центар 519. Потоа следуваат Гази Баба со 450 и Кисела Вода со 417 активни случаи. Трицифрени бројки на активни случаи има и во Ѓорче Петров – 286, Чаир -166 и Бутел -152.
Во останатите скопски општини е помал бројот на активни случаи – Шуто Оризари – 26, Студеничани – 7, Сарај – 24, Арачиново – 10, Илинден – 63, Сопиште – 30, Чучер Сандево – 14, Петровец –21, Зелениково – 9, нераспределени – 100.