АКО БИЛЕ ОДЛУЧНИ, ЗОШТО НЕ ГЛАСАА УШТЕ ВО 14.00 ЧАСОТ: До 21.30 часот, пратениците преговарале поголеми суми и подобри услови за глас?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто ако одлуката за гласање на Уставните измени оние седум од осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, ја имале донесено уште претходно, кога бил потпишан договорот од Нивици за тоа не го известиле и лидерот на партијата, наместо тоа, два дена пред пленарната седница гласаа против предложените амандмани? Зошто, ако тие веќе биле убедени дека ќе гласаат „За“ почеток на Уставни измени, тоа не побараа да се случи во текот на денот, уште во 14.00 часот кога пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција побара веднаш да се стави предлогот на гласање?

Овие дилеми ги отвори екс помошник-министерката за внатрешни работи и политички аналитичар на социјалните мрежи Наталија Ивчева.

„Еве, Бетка алијас. Ганка од „Али Експрес“ и некојси Зекир Рамчиловиќ (човек кој ако не беше на листа никогаш немаше да знам дека бил во ВМРО), на Бокивизија се обидуваат да не убедат дека немало никакви закани, уцени и прифатени понуди за слобода, парични исплати, вработувања итн.

Чисто да прашам. Зошто тогаш ако вие сте донеле одлука дека треба да гласате за да се влезе во амандманска расправа уште утрината, гласањето се случи дури во 22.30 часот вечерта? Ќе ми кажете дека до тогаш не сте тргувале повисока цена? Не, тие басни на друг.

Настрана тоа, зошто ако вие сте имале став, не постапивте согласно барањето на Антонио Милошоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и заедно сите да побарате гласањето да се случи уште попладнето кај 14.00 часот?

Не, вие сте немале став, вие сте тргувале со ставот. Сте се продавале, сте се нуделе како на кванташки пазар. Па некаде кај 21.30 сте постигнале задоволувачка цена, и сте прифатиле да се продадете, затоа што знаете дека ако имаше предвремени избори ќе ви завршеше кариерата. Никој повторно немаше да ви даде доверба за листа, па решивте да си ја продолжите со предавство на партијата, и најболно, државата и народот кој ве стави на функција.

Басни, приказни тоа можеби ќе ви помине кај гледачите на Бокивизија, кај нормален, интелегентен народ, тоа не поминува.

Ај сеа, исплачете се на рамето на полицаецот што ве чува пред врата.

Мизерни…“ – пишува Ивчева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This