АКО НЕМА ЉУБОВ, ТОГАШ СЀ ОСТАНАТО НЕ ДОНЕСУВА РАДОСТ: Мудра приказна со длабока поука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена излегла од својата куќа и во дворот здогледала три старци со долги бели бради, не ги познавала но им рекла:
„Не ве познавам, но ми изгледате како да сте гладни. Влезете во куќата и јадете.“

„Дали вашиот маж е дома?“ – ја прашале.

„Не, не е.“ – одговорила жената.

„Тогаш не можеме да влеземе,“ – возвратиле старците.

Вечерта, кога сопругот се вратил дома, таа му раскажала што се случило.

„Оди и кажи им дека сум дома и повикај ги да влезат.“ – рекол сопругот.

Жената излегла и ги повикала старците.

„Не можеме заедно да влеземе во куќата“, рекле.

„Но зошто?“ – изненадено прашала жената.

Еден од старците одговорил:

„Тој се вика Богатство“, рекол покажувајќи кон еден од своите пријатели.

„А неговото име е Среќа“, покажал кон друг пријател, „а моето име е Љубов“.

Потоа додал:
„Сега оди дома и разговарај со сопругот за тоа кој од нас сакаш да го видиш во својот дом.“

Жената отишла и му раскажала на мажот што чула. Нејзиниот сопруг бил доста задоволен.

„Супер!“ – рекол. „Ако навистина мораме да одлучиме, тогаш ќе го повикаме Богатството. Нека влезе и нека ни го исполни домот со богатство.“
„Драг, зошто не ја повикаме Среќата?“ – се спротивставила сопругата.

Нивната посвоена ќерка слушала од другата страна на куќата. Отрчала кај нив со предлог.

„Зошто да не ја повикаме Љубовта? Тогаш ќе владее љубов во нашата куќа!“

„Да ја послушаме нашата ќерка“ – и рекол сопругот на својата жена.

„Оди и повикај ја Љубовта да ни биде гостин.“

Жената излегла и ги прашала трите старци:

„Кој од вас е Љубов? Нека влезе во нашиот дом и нека биде наш гостин!“

Старецот со име Љубов насмевнат се упатил кон куќата, а останатите двајца го следеле. Жената изненадено ги прашала Богатството и Среќата:
„Го повикав само Љубовта, зошто и вие доаѓате?“

Тогаш старците одговориле:
„Да сте го викнеле Богатството или Среќата, останатите двајца и останале на улица, но кога и Љубовта е повикана ние секогаш ја следиме. Таму каде што постои љубов, таму секогаш има богатство и среќа!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This