АЛБАНИЈА И СРБИЈА ПОДОБРИ ОД МАКЕДОНИЈА: Невработеност во ЕУ е три пати пониска од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невработеноста во земјава е три пати повисока од европскиот просек. Процентот на невработени во Македонија е 17, 8 , а според последниот извештај на Еуростат во земјите членки на Унијата просекот е 6,3 проценти.


Според домашните експерти за да се достигнат европските бројки на земјава ќе и бидат потребни повеќе години.

Нивото на инвестиции сеуште не е доволно, а на економскиот развој треба уште многу да се работи. Вработувањето главно е во јавната администрација и мал дел во приватните фирми.

Според извештајот на Еуростат со најниска невработеност во Унијата е Чешка. Таму само 1,9 отсто од жителите се без работам. Со највисока Грција 17, 6. Според бројките може да се види дека невработеноста во земјава е повисока и од најлошо рангираната членка на ЕУ.

Во споредба пак со земјите од Западен Балкан, Македонија подобро стои од БИХ и Косово кои имаат највисоки стапки на невработеност. Најмал процент на невработеност има во Албанија и Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This