АЛБАНСКА ВЛАДА СО МАЛЦИНСТВО МАКЕДОНЦИ: Зошто ДУИ прифати Влада со Заев и ги направи Македонците малцинство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДУИ, после се, реши да влезе во коалиција со СДС и на тој начин да се формира проалбанска влада во Македонија – сите Албанци со малцинството Македонци после што, логично, главна задача и приоритет на таквата влада се спроведување на големоалбанските интереси. Секој отпор на оваа политика е прогонуван, осудуван, плукан и уриван, дали преку главниот инструмент СЈО, или преку соросоидните медиуми и дел од дипломатите… секој отпор на големоалбанската политика е демонизиран.

Zaev-albansko-zname-640x341
На маса се многу пари, досега дипломатски и од фондацијата Сорос, а по стапување на новата влада на Заев и со наши македонски пари од владиниот буџет ќе се финансира кампања против – Македонците. СЈО ќе објавува свои конструкции, медиумите на СДСМ и Сорос ќе прават пропаганда од тоа, дипломатите ќе даваат поддршка, а СДС и ДУИ ќе притискаат врз судството конструкциите на СЈО да станат пресуди, и да се уништи политичката и медиумска конкуренција која е на страната на мнозинството Македонци, а против овој големоалбански проект.

zajec-ahmeti

За тоа време, додека народот го забавуваат со конструкциите на СЈО, ќе поминува тивко од заднина федерализацијата на Македонија, албанизацијата на државата, криминалот и корупцијата на новата власт која е веќе позната по таквите навики, пензиите и платите ќе престанат да растат, субвенциите ќе паднат, а невработеноста ќе се зголемува. Како што било секогаш кога СДС ја имале власта.
Медиумите на СДС и Сорос ќе ги убедуваат Македонците дека така морало да биде, и постојано ќе се наоѓаат виновници за лошото владеење – надвор од власта.

За СДС и нивните медиуми ДУИ беше криминална организација, се додека не стана коалиционен партнер на СДС. Штом е со нив, се е заборавено и, одеднаш, ДУИ се чисти, умни и поштени. Сите нивни криминали не се важни, а Заев и Али Ахмети станаа браќа. СЈО преку ноќ заборави на криминалите на ДУИ, што е очекувано затоа што СЈО е казнена експедиција на Заев, логистика на неговата политика.
SJO, mazedonische SonderstaatsanwaltschaftLeiterin der CJO: Katica Janeva1. Stellverterin und Sprecherin: Lence Ristoska2. Stellvertreterin: Fatime Fetai

На последниот прес, согласно потребите на Заев, помеѓу останатото СЈО изнесе информација дека се покренува истарга (уште една!) против главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас затоа што, според СЈО, почнал да гради викенд куќа во Зелениково пред да добие градежна дозвола. Куќата е изградена согласно закон и законска постапка, за што се доказ и градежната дозвола и уписот во Катастар, но Заев го прогласи Сител и главниот уредник Латас за свои најголеми непријатели по што беше и е сосема јасно како СЈО ќе реагира и ќе се однесува кон најголемиот непријател на Зоран Заев.
Кога сме кај дивограбите, вистинските, кои немаат ни дозвола за градба ни упис во катастар, СЈО не презема чекори за дивоградбата на хотел во околината на Струмица кој во општината, на измама, пробале да го легализираат преку законот за легализација за дивоградби бидејќи е тоа дело на градоначалникот Зоран Заев. Секако, СЈО ќе одговори дека нема телефонски разговори поврзани со тој објект. СЈО нема никакви телефонски разговори од функционери на СДСМ, а сега ни од функционери на ДУИ, излегува дека Гриуевски и неговата влада се прислушкувале само самите себе, и тоа разговори кои се опасни за нив. Затоа, глупо и цинично е кога СЈО тврди дека се тие правна институција која гони криминал без оглед на потеклото и политичката припадност, затоа што со голо око се гледа дека се гони селективно, и тоа со намера да се уништат политичките противници на СДС, ДУИ и противниците на проектот федерална Македонија и Голема Албанија

ДУИ влезе во колаиција со СДС за да се заштити себеси од прогон за најтешки видови криминал и корупција, тоа е секому јасно. Дали се работи за покривање и заборавање милионски кеш поткуп како во случајот Телеком со Али Ахмети и Муса Џафери, или други криминали – со ова новата власт се дефинира како прибежиште и заштита на корупцијата на ДУИ и Зоран Заев, а не влада на Република Македонија со соодветна одговорност и легитимитет.

Каде е кривичната постапка за висок функционер на ДУИ, Бекир Асани, кој изгради без дозвола грандиозно голем објект пред очите и во соседството на Американската амбасада? Медиумите на СДСМ со месеци пишуваа за ова како за врвен криминал на ДУИ под заштита на власта и бараа прогон за Асани но, штом ДУИ влезе во коалиција со СДС: Асани, Ахмети, Муса Џафери, Мемети, Бејта… станаа добрите момци, а криминалот легален. Криминал има само кај оние кои не се во коалација со Заев и СДС.
Еве што пишуваше телевизијата на Заев за дивоградбата на Асани, за случај кој го има во прислушкуваните разговори кои се кај СЈО. Но, СЈО секако нема да води постапка за функционер на ДУИ:

24_divogradb

Се уште е дивоградба куќата која, требала да биде урната во 2011-та за која како што тврдеше опозицијата разговараат Груевски и Ахмети во еден од последните телефонски разговори што беа објавени.

 

Објектот е комплетно изграден и е на три ката. Се наоѓа спроти американската амбасада на тревникот на раскрсницата. Почнала да се гради во времето пред да биде донесен Законот за легализација велат од општина Чаир и додаваат дека Министерството за транспорт и врски им ги одзело надлежностите за уривање на тој објект.

„Сопственикот поднесе и барање за легазација, но тоа е одбиено и во простепената постапка во Општината и во второстепената постапка во ресорното министерство. Потоа предметот е даден на суд и сега останува судот да реши дали тој може да се легализира или ќе треба да се урне“, велат од општина Чаир.
divogradba_DUI

За време на изборите зградата била штаб на ДУИ велат граѓаните кои живеаат во непосредна близина на куќата, но не сакаа да зборуваат пред камера.
Пазарот за да се стопира изградбата Заев тврдеше дека се докажува и од пораките кои ги разменувале Ахмети и претседателот на чаирскиот огранок Бекир Асани.
Во меѓувреме и чаирчанецот Орхан Салиу се препозна во „бомбата“ на Заев. Една од дивоградбите вели дека му го узурпира имотот. Вели дека куќата изградена на пешачки остров на Кале не само што не е срушена, туку е изградена на земјиште на кое само тој имал право на користење.

Кој му е крив, после се, на Латас што не е од ДУИ, и не вика Бекир Асани…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This