ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ДО ПРЕМИЕРКАТА МЕЈ: Мислите и молитвите на Македонските граѓани се со граѓаните на Обединетото Кралство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев по повод терористичкиот чин во Манчестер, испрати писмо со сочувство до премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.
emil-1

– Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Манчестер. Во името на македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите, се наведува во писмото.

Мислите и молитвите на македонските граѓани, се посочува, се со граѓаните на Обединетото Кралство.

– Република Македонија стои рамо до рамо со целата меѓународна заедница во борбата против тероризмот. Терористичките закани нема да го променат слободниот начин на живот и ќе бидат поразени со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор, стои во писмото со сочувство од Димитриев до Меј.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This