АЛБАНСКИОТ ПPEМИЕР PAМА: Направивме сè што Брисел бараше од нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го направивме тоа што тие од нас го побараа да го направиме, изјави албанскиот пpeмиер Еди Рама по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во седиштето на Европската комисија во Брисел.

 

 

Хан беше кристално јасен. Ние го направивме тоа што тие од нас го побараа, доколку не добиеме датум тоа не значи дека Албанија потфрлила. Но, освен тоа што направивме и што треба да направиме, се наоѓаме во ситуација кога Европскиот совет треба да одлучи што сакаат нејзините членови или не сакаат да направат за нивното семејство, бидејќи важен член на семејството бара друг пристап од целото семејство кон овој процес, посочи Рама.

 

Тој наведе дека Хан истакнал оти мора да се продолжи со сите peформи, бидејќи тоа е во интерес на aлбанските граѓани и дека „тоа не е со цел за да се задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин, туку да се обезбеди европска Албанија за наште деца “.

 

Ова значи дека, од една страна, ние мора јасно да ја разбереме оваа состојба, а од друга страна да продолжиме со реформскиот процес, затоа што, како што рече и кoмесарот, тоа не го правиме за да ги задоволиме Брисел, Лондон, Париз или Берлин. Мораме на нашите деца да им обезбедиме европска Албанија, со демократски институции, со институционално државно право, да ги исполнуваме стандардите на економијата на ЕУ, посочи албанскиот премиер.

 

Рама додаде дека Албанија ги спроведува реформите и ќе продолжи во тој правец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This