Албанскиот театар почнува со работа, Бочварски ја потпиша долгоочекуваната дозвола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот театар во Скопје започна да се гради во 2013 година. Градежните работи завршија минатата година но се уште не е отворен официјално. За да започне со работа потребан е дозвола од Министерството за транспорт и врски, која екс министерот Горан Сугаревски не ја издаде. Со доаѓање на должност новиот министер Благој Бочварски се чини конечно ќе ги отвори вратите на Театарот за публиката. Пред неколку дена тој не знаеше дека албанскиот театар чека дозволa за почеток со работа. Тв21 дознава дека новиот министер во електронска форма ја потпишал долго очекуваната дозвола.

Како што дознава ТВ21 во вторник се очекува театарот да добие дозвола за официјално отворање од Министерството за транспорт и врски. Директорот на театарот вели дека очекуваат писмена дозвола за да започнат со подготовки за отворањето, без да потенцира кога се очекува такво нешто.

Инаку ТВ21 последно известуваше за проблемите во новиот објект на театарот, како што беше прокиснувањето на кровот при дожд. За тоа се жалеше актерот Иљбер Муртези кој неколку месеци беше вд директор на театарот. Тој рече дека вода тече покрај електричната инсталација и дека постои голема опасност од тоа. Од почетокот на изградбата на објектот потрошени се над 10 милиони евра. Инаку реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје започна во 2013 кога со театарот раководеше Адем Карага. Градежните работи завршија во 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This