АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ СО КОНСЕНЗУС: По средбата со Еди Рама, албанските партии донеле документ кој ќе служи како основа за коалицирање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Документ што ќе ги содржи потребите на Албанците во Македонија ќе усвојат политичките партии на Албанците со освоени мандати на последните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември, изјави во петокот челникот на ДУИ Али Ахмети, пред почетокот на конститутивната седница на Собранието на која беа верификувани мандатите на новите пратеници.

taci_i_ahmeti-35890

Како што информираше Али Ахмети, за содржината на најавениот документ било разговарано во четвртокот на средбата што лидерите на ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците ја имале во Тирана со албанскиот претседател Еди Рама, што е нивна втора средба во овој формат.

Таквиот документ не претставувал „црвена линија, ниту, пак, неговата содржина се услови за разговори за формирање на новата влада“ дополни Ахмети. Рече дека станува збор за „основни начела и реални потреби на Албанците во Македонија.“

Тој на новинарско прашање одговори дека во документот „не видел такво нешто“, како што е условот за коалицирање во новата влада да бидат бинационалниот карактер на државата и менување на нејзиниот Устав. Ахмети порача дека најголемиот дел од барањата веќе ѝ се познати на македонската јавност.

„Преговорите за нова влада не се почнати, а тоа ќе се случи кога ќе биде доверен мандатот од страна на Претседателот на државата. Документот ќе биде објавен и за него ќе се разговара по објавување на мандатот“, рече Ахмети.

Рече и дека главните барања што ќе содржи документот произлегуваат од програмите на партиите за последните избори, а се однесуваат на јазична и економска рамноправност, реформи во судството, расветлување на некои судски процеси, членство на земјата во ЕУ и НАТО, како и продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Ахмети изрази очекување средбите на лидерите на парламентарните партии на Албанците да продолжат и во Скопје и на нив да им се приклучи и ДПА, бидејќи тоа биле и нивни барања.

На забелешката на новинарите дека позицијата на партиите на Албанците во Македонија се доредува во Тирана, Ахмети одговори дека „ниту Албанија, ниту Косово не се тие кои ја изготвуваат политиката за Албанците во Македонија“ и оти тие имаат свои цели и своја програма, но оти секоја помош со истомислениците е добредојдена, како и од меѓународната заедница.

Ахмети, покрај тоа, не одговори на прашањето дали Македонија нема да добие влада и ќе се оди на нови избори, доколку не бидат прифатени споменатите барања на албанските партии

 

Макфакс

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This