АЛЕКС РУЖИН ЌЕ НОСЕЛ ИНВЕСТИЦИИ: Заев со oпpaвдувања за „coлaчите на пaмeт“ кои земаат преку 1.000 евра плата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зафировски има има врски во дипломатскиот дел до кабинетот на Макрон и со Владата во Франција, која има малку информации за она што се случува тука. Некогаш се потребни повеќе информации за да го привлечеме кабинетот на претседателот Макрон на наша страна. Знаете дека Франција, Холандија и Данска имаа резерва за проширувањето на ЕУ. Зафировски е приватен стопанственик и неговиот хонорар е поголем затоа што поголем дел поминува во Франција, трошоците таму се поголеми и зakoнот го дозволува тоа. Затоа е таа сума од 75.000 денари – рече премиерот Заев, одговарајќи на пратеничкото прашање поставено од Антонијо Милошоски.


На ова Милошоски забележа дека ако Заев сакал да ангажира некој кој навистина ќе помогне да се унапреди комуникацијата со Франција и со актуелното француско раководство во Париз, требало да ја ангажира Проф. Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи, франкофон и истакнат политичар.

Милошоски изјави дека ангажманите на Александар Ружин (син на Нано Ружин), на непознатиот советник Љупчо Зафировски, на Мерсел Биљали (советник за меѓуетнички односи со 40.000 денари хонорар) и на Исмет Рамадани (советник за НАТО со 40.000 ден. хонорар) претставува пoтkyп на јавното мислење со државни пари, бидејќи овие советници или нивните блиски најмногу од се што прават е гостување по телевизии во кои се претставуваат како експерти и го фалат Заев дека е најдобар, најуспешен и највреден премиер и политичар.

“Овие луѓе господине Заев се ваши платени фалбаџии, и тоа платени со државни пари“, реплицираше Милошоски.

За младиот советник Александар Ружин, за кој јавноста знае дека има приватна фирма за трговија со автомобилски гуми Бенелук Тунинг. Но, Заев рече дека тој ги спроведува разговорите со заинтересирани компании за инвестиции, дека бил роден во Париз, а живеел и во Брисел додека татко му бил амбасадор, и дека Александар Ружин има конекции што овозможуваат да биде олеснувач и на други процеси, а декља последниве денови помага за отворање на компанија која сака тука да произведува армиски делови.

Во македонската јавност Александар Ружин е познат како еден од учесниците во “Шарената peволуција“, како нумеролог кој на својот профил ги открива тајните на броевите, како човек кој во Скопје е присутен во вестите од естрадата, а поголема популарност стекна како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола. Но, досега во јавмоста не се слушнало за негов дипломатски или инвестициски проект.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This