Алиоски: Иако игравме одлично 70 минути, две грешки пpecудија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија триумфално мина низ првото коло во Букурешт, откако со 3-1 ја доби Македонија.

Првите импресии по натпреварот, за јавниот македонски сервис ги изнесе и Езџан Алиоски.

„Не знам што да кажам. Знаевме дека Австрија е добра и има квалитетни индивидуалци. Ни дадоа гол кој пресуди. Направивме две грешки, при првиот можевме подобро да реагираме. Добро игравме, но грешките пресудија. По овој резултат сите ќе сметаат дека не сме спремни за Европското првенство, но ние 70 минути игравме многу добар фудбал. Мора да играме до крај добро, па така да направиме добар резултат.

Нема време за размислување. Ни треба рекуперација пред Украина. Имаме шанса за успех, ништо не е загубено. Има уште два натпревари и на крајот ќе видиме до каде сме“, смета Алиоски.

Избраниците на Ангеловски долго играа рамноправно и имаа активен резултат. Сепак, Грегорич и Арнаутовиќ ги искористија своите шанси и донесоа три бода за ривалот во овој дуел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This