Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде новата пратеничка во Собранието, откако вчера потпретседателот на парламентот и пратеник Весел Мемеди ја депонирал својата оставка во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Алијансата за Албанците и НДП на Весел Мемеди на последните парламентарни избори настапија со заедничка листа за пратеници. Точи за „Плусинфо“ ја потврди информацијата.
Во периодот од формирањето на владата на премиерот Зоран Заев, па до излегувањето од извршната власт на Алијансата за Албанците, на 28 декември 2017 година, Точи беше заменик министерка во Министерството за надворешни работи.