АЛИЈАНСА КРИТИКУВА: Државата ги запоставува граѓаните заглавени во странски држави, не помага за нивно враќање во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата за Албанците, неколку пати, ја искажува својата загриженост за враќањето на нашите граѓани во нивната татковина. Неколку пати реагиравме на ова прашање, па и апелиравме до Министерството за надворешни работи и Владата,кои не прават ништо за да им се помогне на нашите граѓани, особено од Италија, каде што ситуацијата е многу загрижувачка заради големиот број наши граѓани кои сакаат да се вратат во својата татковина. Ова го зборуваме затоа што добивме многу директни писма од нашите граѓани, кои се блокирани во разни земји на ЕУ, како резултат на пандемиската криза.

Почитуван вицепремиер Бујар Османи, проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика. Затоа, преземете мерки за да не бидепредоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница.
Бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не се ни во можност да го отворат телефонот, а камоли да направат нешто повеќе за да помогнат во нивното враќање.

Алијансата за Албанците од почетокот го следи ова прашање со голема грижа и ние постојано апелиравме да се преземат сериозни мерки за враќање на нашите граѓани во нивната татковина.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This