Али Ахмети на Мечкин Камен, нема да има говори, ќе играат Танец и Албанскиот народен ансамбл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 2 август, Пендаровски на Мечкин Камен после 30 години ќе го менува концептот на прославување на најголемиот македонски национален празник Илиден.

Тој ден 30 години немаме добри спомени на ледината, не придонесува за обединување на граѓаните истакна претседателот Стево Пендаровски на брифингот со новинарите.

Оваа година Пендаровски нема да држи говор на Мечкин Камен, а централната манифестација ќе биде во 18.00 часот.

Поканети за присуство се сите парламентарни партии.

Настанот ќе започне во 10 часот изутрина со панихида во локалната црква Св.Никола, согласно традиција. Потоа ќе се положат цвеќиња на гробот на Никола Карев во Македониумот.

На крајот ќе следува прославата на Мечкин Камен.

Никола Ристановски ќе ја отвори манифестацијата и ќе го чита Крушевскиот манифест.

По него точка ќе изведе Танец, па Албански ансамбл на народни песни, потоа настап ќе има Влатко Стефановски, а се затвора манифестацијата со воениот оркестар.

До овој момент потврда за присуство има од неколку лидери, а за прв пат ќе дојде и Али Ахмети на Мечкин Камен.

Лично е поканет Мицкоски, Апасиев, Села, Гаши, но се уште нема потврда за нивно присуство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This