АЛИ АХМЕТИ ЌЕ ГИ ПОЛНИ КУТИИТЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Албанската дијаспора од Швајцарија најбројна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ГЛАСАЧИ ВО ДИК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ СЕ ОД АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА: Досега пријавени 862 граѓани

Се уште албанската дијаспора од Швајцарија е лидер помеѓу пријавените гласачи од дијаспората во Државната изборна комисија. Според ДИК заклучно со денеска до 13 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 862 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од вкупната бројка на 862 пријавени граѓани, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72, во Лондон – 69, во Торонто – 57, Љубљана – 48 и Канбера – 36.

Во Македонија пак 1967 граѓани извршиле увид во избирачкиот список од кои најголемиот број се од Битола. Од државната изборна комисија не посочуваат дали станува збор за граѓани кои ги нема на избирачкиот список.
-Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ве информираме дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 1967 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295, Струмица – 148, во Радовиш – 128 и во Прилеп – 104, велат од ДИК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This