АМБАСАДИТЕ ЌЕ ВИДАТ КАДЕ ЗАВРШИЛЕ НИВНИТЕ ПАРИ: Американската, холандската и шведската амбасада ќе дознаат како СЈО ги трошело нивните донации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес конференција обзнани дека пратениците од неговата партија доставиле предлог одлука до Собранието да се формира Анкетна комисија за работењето на СЈО.

Токму Собранието на предлог на Советот на јавни обвинитeли констатираше дека специјалниот обвинитeл Катица Јанева работела нестручно, незаконски и несовесно и сакаме во име на граѓаните како даночни обврзници кои одвоиле околу 15 милиони евра за работењето на досегашно СЈО да ги утврдиме фактите на кој начин биле трошени средствата и на кој начин се постапувало по одредени други процедури внатре во самото СЈО – рече Милошоски.

Анкетната комисија, објасни тој, би се состоела од претседател и 10 членови, а дека како иницијатори согласно собраниската пракса, ВМРО – ДПМНЕ да номинира претседател на оваа Анкетна комисија, а сите други политички партии согласно нивното присуство во Собранието да делегираат членови.

Анкетната комисија не би се занимавала со било какви обвинитeлски или судски предмети бидејќи не сака ниту може да биде обвинитeл, ниту судија, но би го утврдувала начинот на материјално и финансиско работење на обвинитeлството, почитување на постоечките законски процедури и деловодници внатре во самото обвинитeлство. Законитост на постапките при вработување во самото обвинитeлство, утврдување на можни конфликтни интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари. Сметаме дека имало голем дел на такви договори и исплатени хонорари кои што според нас немаат законска основа – појасни Милошоски.

Тој напомена дека како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на шведската, американската и холандската амбасада бидејќи овие три држави имаа значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО од даночните обврзници на нивните земји. Сметаме, додаде Милошоски, дека би имале право да имаат увид во тоа како биле потрошени или како се располагало со средствата на нивните даночни обврзници во рамките на работата на СЈО.

Очекуваме по однос на оваа предлог одлука за Анкетна комисија во најскоро можно време да се изјаснат и останатите политички партии, особено колегите од владејачкото мнозинство кој што заедно со сите други пратеници ја испочитуваа одлуката на Советот на јавни обвинитeли за незаконско нестручно и несовесно работење на специјалната обвинителka Катица Јанева која што беше најбитната фигура во оваа институција. Тоа е доволна основа да имаме мотив да го провериме работењето на СЈО во деловите кои што ги спомнав – рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This