АМДИ БАЈРАМ, ЗАСПА: Седница сеуште нема, Амди Бајрам заспа, Илија Димовски го понуди со кафе за да го расони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Амди Бајрам заспа чекајќи ја седницата за законот за јазици која што требаше да почне во 15 часот. Неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, го понуди со кафе.

Амди Бајрам беше единствениот пратеник во собраниските клупи кој чекаше час и половина да почне седницата. Откако стана, Димовски го понуди со кафе, но тој одби, по што излезе од салата.

Димовски во пленарната сала на прашање на новинарите дали ќе има седница, само кусо одговори: „Господ знае“. Тој е во собраниската сала заедно со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, кој претходно во изјава за „Макфакс“ рече дека опозициските пратеници не учествувале на координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат пред вратите на собраниската сала. И по презакажувањето, неизвесно е одржувањето на 32. седница, на чиј дневен ред е законот за употребата на јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ поснесе 35.000 амандмани.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This