АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕЗЕ НА КРИВОЛАК: Со хеликоптери „Блек Хок“, и останата воена техника американската војкса ќе тренира на Криволак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од први до 20-ти август, на армискиот полигон Криволак тренинг на 120 американски војници од копнените сили за Европа. Гаѓање со пешадиско оружје, со минофрлачи и за првпат на вежбалиштето во Македонија и познатите хеликоптери Блек хок. Од Министерството за одбрана велат- целта е промоција на Криволак како регионален тренинг центар, пренесе МРТВ

 

 

Криволак ги отвора вратите за американската војска. Од први до 20-ти август, 120 војници од копнените сили на САД за Европа ќе тренираат на армискиот полигон. Гаѓање со пешадиско оружје, стрелби од минофрлачи, а за првпат на вежбалиштето и познатите хеликоптери Блек Хок, пренесе МРТВ

 

Првите 42-ца војници од коњичкиот полк преку македонско-косовската граница пристигнуваат утре. Армијата на Република Македонија ќе им обезбеди логистичка поддршка, сместување и транспорт до полигонот, а припадници на македонската армија ќе го набљудуваат тренингот.

Целта е и да се покаже дека Македонија има модерен полигон, што ги обезбедува сите услови за изведување обука, тренинг и гаѓања од сите видови оружја и орудија. Големината и теренот, но и географската положба на Криволак според претставниците од американската армија, го прават воениот полигон „необработен скапоцен камен“. Она што му треба велат, е модернизација и инфраструктура.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This