АМЕРИКАНСКИОТ СЕКРЕТАР ЗА ОДБРАНА ЌЕ ПРОВЕРУВА КОЈ ИМА СЛИКА ОД ПУТИН ПО ДОМА: Матис ќе се бори со ,,руското влијание” во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во вторникот најави дека ќе ја посети Македонија пред референдумот на 30 септември за промена на името, изразувајќи притоа загриженост поради руско наводно руско мешање.

Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.

„Демократиите треба да бидат оставени намира“, рече Матис.

„Доколку нивниот амбасадор сака нешто да изјави, тоа е едно. Но проблемите кои Русија ги создаде од Естонија до САД, од Украина и сега во Македонија, тоа е секогаш прилагодено на одредена ситуација и секогаш е надвор од сите правила“.

„Ќе отидам таму за да ставам многу јасно до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“.

Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот. В четврток во земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

Очигледно ниту на САД ниту на ЕУ не име е јасно или пак намерно не сакаат да разберат дека во случајот со Македонија не станува збор за тоа дали Македонците сакаат ЕУ да ги рани, а НАТО да ги брани, туку за нешто што не се продава или купува со пари или моќ, а тоа е човековото достоинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This